Пет хороскопски знаци кои најбрзо можат да ви станат непријатели

Кармин

21/10/2019

15:24

3.899

Големина на фонт

а а а

Границата помеѓу љубовта и омразата е тенка, но таа станува уште потенка кај одредени хороскопски знаци.

Во зависност од тоа кога се родени, некои луѓе ќе ви замерат многу полесно од останатите, а ова се пет знаци на Зодијакот со кои е најлесно да станете непријатели. 

Овен

Со непредвидливите Овни лесно може да се замерите во било кој момент, а кога ќе се случи тоа, од нив можете да очекувате “експлозивна” реакција. Ако се најдете на листата на нивни непријатели, можете да бидете сигурни дека за тоа ќе дознаат сите, но не треба да се плашите од одмазда бидејќи во тој случај едноставно ќе ве избришат од својот живот и ќе заборават дека постоите.


Близнаци

Близнаците денес можат да бидат ваши најдобри пријатели, а веќе утре – најлоши непријатели. Ги карактеризира променлив нарав и брзоплетост во донесување на мислење за другите луѓе, а доколку ги повредите, сигурно ќе станете тема на нивните трачеви кои неретко се во состојба и да ги измислат.

Лав

Лавовите сакаат да бидат омилени во друштвото, а доколку се најдете на нивната листа на непријатели, ќе направат сè што можат за да ве прикажат во најлошо светло пред останатите. Сепак, Лавовите не го мешаат професионалниот живот со личниот, па затоа се поголеми шансите дека ќе стекнат непријатели на работното место отколку помеѓу роднините и пријателите.


Девица

Девиците немаат многу пријатели и очекуваат дека нивното пријателство со оние кои ги имаат ќе трае цел живот. Се верува дека пријателството се темели на меѓусебната почит, а невозвраќањето на истата е најлесен начин да се замерат со некого. Кога Девиците ќе сфатат дека некој се дружи со нив само од некаква лична корист, таа личност веднаш и засекогаш ќе ја исклучат од својот живот.

Шкорпија

Шкорпиите тешко стекнуваат пријатели и се отвораат само пред оние луѓе на кои им веруваат во целост. Од личноста која ја нарекуваат “пријател” очекуваат да биде покрај нив до крајот на животот, но доколку еднаш ги изневерите или повредите, ќе стекнете непријател за цел живот.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk