Зидан оптимист: Вака тргнавме и во сезоната 2002/03, но…

Дерби

21/10/2019

13:17

1.068

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид се соочува со нов предизвик, овој пат во Истанбул каде ќе гостуваат на Галатасарај во рамките од третото коло во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ мора да победат во Турција затоа што по воведните две кола се на дното на групата, па евентуален неуспех дефинитивно ќе им го донесе под знак прашалник пласманот во елиминационата фаза.

Нешто такво не му се има случено на Реал Мадрид од 1992 година па навака, односно од кога е на сила Лигата на шампионите.

– Во оваа ситуација тоа е еден од најважните натпревари во сезоната. По поразот во Париз и ремито против Бриж во Мадрид јасно е дека победата сама се наметнува. Нема страв, туку мора да победиме, Реал е голем клуб и мора тоа да го покаже. Во слична ситуација бевме во сезоната 2002/03 кога игравме во втората фаза од натпреварувањето по групи и тргнавме со пораз од Милан и реми со Локомотив Москва. Во продолжение беше тешко, но сепак стигнавме до второто место во групата во која беше и Борусија Дортмунд. На крајот испаднавме во полуфиналето од Јувентус. Не ни е прв пат да сме во ваква ситуација, - истакна Зидан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг