Рој Кин со совет до Манчестер Јунајтед: Тие се во хаос, одете и земете им го напаѓачот…

Дерби

21/10/2019

11:14

903

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед уште еднаш не успеа да забележи победа и да прокнижи три бода откако ремизираше во дерби пресметката против Ливерпул одиграна на „Олд Трафорд“.

Во студиото на „Скај Спортс“ стручен коментатор беше и легендарниот Рој Кин кој меѓу другото упати совет до управата на „црвените ѓаволи“ како да се реши проблемот со реализацијата.

– Лесно, одете и донесете го Хари Кејн од Тотенхем. Тие се во хаос, одете и обезбедете го. Тоа треба да го прави Манчестер Јунајтед, да оди по најдобрите. Тие секогаш го правеле тоа, - заклучи Кин.



Спонзорирани линкови

Маркетинг