Пристигнувањето на лидерите на средбата кај претседателот во “Вила Водно“

Точка

20/10/2019

17:21

7.344

Големина на фонт

а а а

Како што знаеме, денес во 17 часот претседателот на државата Стево Пендаровски закажа лидерска средба во неговиот Кабинет на “Вила Водно“.

Зоран Заев на лидерската средба пристигнал по претседателот на ДУИ, Али Ахмети, претседателот на Движење Беса, Билал Касами, претседателот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села и претседателот на Алтернатива, Африм Гаши.


По премиерот, иако ненајавен, пристигнал и претседателот на ДПА, Мендух Тачи.

Како што знаеме во фокусот на лидерката средба ќе бидат разговори и предлози за одржување на предвремени парламентатрни избори кои ги предложи премиерот Зоран Заев откако Европскиот совет донесе одлука да не ѝ додели датум за преговори на Македонија за влез во ЕУ.