Светот во паника: Што ќе направат Турците со 50 американски нуклеарни бомби во Инџирлик?

Точка

19/10/2019

16:54

6.300

Големина на фонт

а а а

Лошите односи на САД и Турција поради турската офанзива во Сирија повторно во вниманието на јавноста го враќаат прашањето дали Вашингтон треба да ги отстрани нуклеарните бомби кои се распоредени во турската авиобаза Инџирлик.

Како што наведува AP, тоа е компликувано прашање, меѓу другото бидејќи американската влада не ги признава јавно локациите на своето нуклеарно оружје во странство. Сепак, речиси да е јавна тајна дека околу 50 американски термонуклеарни бомби B-61 се складирани под силна стража во воздухопловната база Инџирлик, на југот на Турција. 

Претседателот Доналд Трамп оваа недела имплицитно го признал постоењето на нуклеарките во Турција кога на прашањето на новинарите за безбедноста на бомбите одговорил дека е "сигурен во тоа". Во Турција, која е членка на НАТО, има американски нуклеарни бомби веќе 60 години, па, како што се оценува, отстранувањето на тоа оружје би претставувало дипломатски проблем.

Не постојат докази дека нуклеарното оружје во Инџирлик, место во близина на сириската граница, е непосредно загрозено, но односите меѓу Вашингтон и Анкара се можеби и на историски минимум поради офанзивата во Сирија.

"Нивното однесување во текот на последните години е ужасно. Сакам да кажам дека тие испаѓаат од западната орбита", рекол американскиот министер за одбрана Марк Еспер, додавајќи дека Турција го купила рускиот противракетен систем и покрај повторените предупредувања тоа да не го прави.

Пентагон во јули ја исклучил Турција од својата програма за развој на авиони F-35 бидејќи Анкара одбила да го сопре купувањето на рускиот ракетен систем S-400.

Тоа било голем удар за американско-турските односи.

Иако некои американски експерти за контрола на вооружувањето сметаат дека бомбите кои моментално се наоѓаат во Инџирлик би биле побезбедни во некоја друга членка на НАТО, Пентагон тоа одбил да го коментира.

Нуклеарните бомби во Турција се дел од мрежата од околу 150 парчиња американско нуклеарно оружје кое е во европските земји - во Белгија, Италија, Германија и Холандија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг