Пред една година Макрон ги убедуваше македонските граѓани: Гласајте за членство во ЕУ и НАТО со поддршка на Преспанскиот договор

Точка

18/10/2019

20:06

5.358

Големина на фонт

а а а

Емануел Макрон, претседателот на Франција, стави вето на започнувањето на преговори за членство на Европската Унија со Македонија.

Сепак, пред една година, непосредно пред референдумот за промена на името на државата, Макрон специјално им се обрати на македонските граѓани. 

Тој во специјалното видео ги убедуваше Македонците да излезат на референдумот и да го поддржат Преспанскиот договор направен со Грција, и воедно да прифатат промена на името во Република Северна Македонија.

Иако слоганот на таа кампања се викаше "За европска Македонија", сепак, францускиот претседател денес не дозволи Македонија да тргне по европскиот пат.