Спенџарска “удри“ по Инстаграм девојките: „Ало, добри сте со паметот?“

Точка

18/10/2019

19:12

6.123

Големина на фонт

а а а

Овој брз начин на живот нè научи сите новости да ги дознаваме од социјалните мрежи.

Освен новостите кои се споделуваат, јавните личности, па дури и оние кои имаат профили со повеќе од 500 следачи, 'си земаат за право' да наметнат некое мислење, или во најмала рака да истакнат што ги нервира.


Па така, овој пат тоа го направи новинарката Јелена Спенџарска, која во суштина многу ретко има вакви објави.

Таа е доста активна на социјалните мрежи, особено на Инстаграм и постојано ги известува своите фанови за тоа како и поминува секој ден, од будење - до легнување.

Во последните неколку објави на Инстаграм-стори го изнесе своето мислење за девојките кои со еден тон шминка се снимаат како пејат и во објавите ги тагнуваат познатите - само за и тие да го споделат сторито.


„Одамна сакав да кажам нешто што ме иритира на Инстаграм, но ајде сега ќе кажам. Се однесува на оние девојки кои имаат еден тон шминка, провокативно се облечени, усните, косите… Пеат песна од некој пејач и истиот пејач го тагнуваат за да ги сподели на 'стори', а некогаш не пеат туку само позираат. Алооо, добри сте вие со паметот?“ вели Спенџарска во видеото кое го сподели на неколку стои-ја.




Спонзорирани линкови

Маркетинг