Климав мир во Сирија! Ердоган порачал: Продолжуваме со офанзива уште посилно ако не се испочитува договорот

Точка

18/10/2019

19:07

1.640

Големина на фонт

а а а

Турција ќе продолжи со офанзивата на североистокот на Сирија уште поинтензивно од претходно ако договорот со САД за петдневно примирје не биде целосно испочитуван, изјавил денес турскиот претседател Речеп Тајип Ердоган.

Претходно истакнал дека на североистокот на Сирија не се во тек никакви судири. На почетокот на денот, "Reuters" јавил дека се слушнале експлозии на гранати на сирско-турската граница и покрај тоа што бил договорен прекин на огнот во траење од пет дена, за безбедносната зона, која е планирана, да се исчисти од курдските сили. 

Ердоган рекол дека "безбедносната зона ќе се простира на 440 километри по границата меѓу Сирија и Турција и дека со Вашингтон е договорено таа да влегува во сириска територија во должина од 32 километри.

Сириските демократски сили предводени од Курдите ја обвиниле Турција дека бомбардира области населени со цивили, кршејќи го петдневното договорено примирје.

Според извештаите на британските агенции, во градот Сејланпајнар одекнувале експлозии на гранати и се слушало пукање од автоматско оружје.

Во разговор на турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган со американскиот потпретседател Мајк Пенс во Анкара бил постигнат договор за примирје.

Турција на 9-ти октомври, два дена по одлуката на претседателот на САД, Доналд Трамп, за повлекување на американските трупи, започнала операција наречена "извор на мир" на северот на Сирија, која почнала со воздушни напади на курдските сили.



Спонзорирани линкови

Маркетинг