Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Макфакс

18/10/2019

18:47

1.496

Големина на фонт

а а а

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да испорача датум за преговори со осомничен вицепремиер за евроинтеграции каков што е Бујар Османи. „Човекот кој ги води евроинтеграциите е осомничен во истрагата „Пациент“, рече Села.

Лидерот на партијата кажа дека ќе присуствува на лидерската средба која што ќе се одржи в недела со претседателот на државата, Стево Пендаровски. „ЕУ бара конкретни реформи“, дополни претседателот на Алијансата за Албанците.

Села кажа дека ниту еден функционер на ДУИ не одговорал за корупција и криминал, а биле на власт 18 години. Разочарувањето за недоделувањето датум за преговори, како што рече, е големо не само кај Албанците, туку и кај сите граѓани.

„СДСМ почна пријателите и другарите кои Сашо Мијалков ги имаше кај Албанците, да се спријателува со нив, а тие немаат поддршка кај Албанците“, рече Села. На прашањето дали има политички пандан на Али Ахмети во политичка тежина, Села рече: „Не дај Боже да биде некој пандан на Али Ахмети“.

За инспекцијата на двојазичните табли на вицепремиерот Османи, Села одговори дека станува збор за театар: „Бујар Османи е добар актер, филмаџија. Тој е дел од власта. Тоа можел да го направи со комуникација, преку допис, а не мора на телефон“.

Села во интервјуто рече дека на следните избори ќе ги поразат ДУИ и дека според нивните анкети се во водство пред водечката партија од албанскиот политички кампус. Би коалицирале со сите партии, освен со Али Ахмети.


Села одговри и на други прашања, како што се понудата на неговата партија за граѓаните кои не се Албанци, за коалицирањето со БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ, за промената на изборниот модел…



Спонзорирани линкови

Маркетинг