Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Макфакс

18/10/2019

17:46

3.192

Големина на фонт

а а а

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија со ЕУ, порача дека полноправното членство на ЕУ не треба повеќе да биде единствената политика кон земјите во соседството на Унијата.

Со ова, фрнцускиот претседател за прв пат јавно ги доведе во прашање европската иднина и перспектива на земјите од Западен Балкан, зацртани во Солун во 2003. година.

„Разговаравме за нашите визии за Европа, а јас не сметам дека проширувањето е единствената политика кон соседството“, рече Макрон додавајќи дека ЕУ не функционира каква што е сега.

Тој исто така призна дека бил против зелено светло за Северна Македонија, а црвено за Албанија, со обрзложение дека тоа би предизвикало насилство не само кај албанското малцинство во Северна Македонија туку во сите земји каде има албанско малцинство.