Белгискиот суд го ослободи Пучдемон без кауција

Макфакс

18/10/2019

16:37

965

Големина на фонт

а а а

Белгискиот суд го ослободи поранешниот лидер на Каталонија, Карлeс Пучдемон без кауција откако тој утрово доброволно им се предаде на белгиските власти.

Пучдемон придружуван од неговите адвокати, доброволно се појавил пред белгиските власти, откако Шпанија издаде нов налог за апсење после изрекувањето на затворските казни за неговите колеги, кои исто така се залагаа за независност на Каталонија.

Поранешниот каталонски лидер го отфрлил налогот за апсење и се спротивставил на секој обид да биде вратен во Шпанија.

Сепак, шпанскиот Врховен суд соопшти дека истражен судија ги известил белгиските судски власти дека Пучдемон нема пратенички имунитет, кој би можел да ја спречи неговата екстрадиција во Шпанија.

Пучдемон, заедно со неколку соработници, избегаа во Белгија во октомври 2017 година, откако беа повикани на суд за обид за отцепување и одржување референдум за независност на Каталонија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг