Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Макфакс

18/10/2019

14:56

1.403

Големина на фонт

а а а

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и за Албанија ќе биде запаметена како историска грешка.

„Им кажав на колегите дека ова е средба со историја. Тој регион потпаднал под Отоманска империја во 1400 година. По Втората светска војна овие две држави потпаднаа под комунистичкиот блок. Нивната желба е да се приклучат кон Европа“, рече Конте.

Италијанскиот премиер рече дека се надева дека очајот нема да доведе до најдлабока болка.