Обраќање на претседателот Пендаровски: Мора да се соочиме со последиците, има држави што штитат специфични интереси!

Точка

18/10/2019

14:34

2.900

Големина на фонт

а а а

Претседателот Стево Пендаровски предмалку се обрати до јавноста после големиот удар кој го претрпи земјава од Европската унија.

Франција не попушти под притисоците на Германија и останатите земји членки на Европската унија за Македонија да добие датум за преговори за влез на Европската унија, со што, според аналитичарите нанесе тежок удар по стабилноста на Западен Балкан.

Откако на средбата на лидерите на земјите од Европската унија во Брисел, не беше донесена одлука за доделување на датум за преговори, македонскиот претседател Стево Пендаровски ѝ се обрати на јавноста.

„За жал заклучоците на Советот на Европската унија не се во согласност со нашите оправдани очекувања. Разбирливо е дека во овие моменти постои чувство на разочараност но мораме да се соочиме со последиците“, изјави Пендаровски.

„Ние имаме искрени пријатели и сојузници, но постојат држави кои ги штитат специфичните интереси“, порача претседателот Пендаровски и додаде дека членството не треба да биде сфатено како формалност, дека во меѓувреме мора да продолжат реформите и европските стандарди да станат наши домашни стандарди.

„Не е време за поделби и апатија, ниту за негативни чувства кон одредени земји, потребно е единство“, порача Пендаровски кој откри дека испратил покана до лидерите на најголемите политички партии за средба, добил позитивни одговори и дека средбата е закажана за недела, 20-ти октомври.



Спонзорирани линкови

Маркетинг