Се сеќавате ли на згодниот Франц од Нокаут?: Денес е татко, живее во Лос Анџелес, а сега објави фотографии од семејниот одмор на Хаваи

Кармин

18/10/2019

12:22

9.004

Големина на фонт

а а а

Владимир Крстевски – Франц, јавноста го памети како некогашен член на групата Нокаут, но и како еден од најзгодните мажи на македонската сцена.

Франц, во 2014 година се ожени со актерката Ема Џо Петреска, а подоцна заедно се преселија во САД. Во јуни оваа година, парот доби ќеркичка која има мошне необично, музикално име – Мелоди. 


Македонскиот музичар и неговата избраничка, кои веќе неколку години живеат во Лос Анџелес, деновиве споделуваат фотографии на социјалните мрежи од нивниот семеен одмор на Хаваите.

Франц, Ема и Мелоди моментално уживаат во убавините на главниот град на островската држава, Хонолулу, а дел од нивниот одмор можете да погледнете од фотографиите во продолжение:



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk