Борисов тврди дека ништо не е готово, Мицотакис со отворена поддршка

Точка

18/10/2019

11:55

4.137

Големина на фонт

а а а

Додека во Брисел се преговара дали Македонија ќе добие датум за преговори за влез во Европската унија, нашите соседи изразуваат поддршка.

На средбата на лидерите на земјите членки на Европската унија се дебатира за доделувањето на датум за преговори на Македонија и Албанија, процес кој според чешкиот премиер Андреј Бабиш требало да биде формалност.

Додека Германија и бројни други земји членки на Европската унија се обидуваат да ја убедат Франција да се согласи за доделување на датум за преговори на Македонија и Албанија, поддршка за нашата земја дадоа Бугарија и Грција.


„Албанија и Северна Македонија треба да добијат датум за преговори. Би било историска грешка ако не им дозволиме да ги започнат преговорите. Тоа би бил огромен удар за луѓето на двете земји кои заслужуваат да им се даде европска перспектива. Ако се направи таква грешка, тогаш не треба да се лутиме за проблемите што ќе се појават, за џихадистите, но и влијанијата на Русија, Турција и Кина“, порача Борисов кој го советувал македонскиот премиер Заев да не поднесува оставка затоа што ништо не е готово.

Од друга страна, поддршка за добивање на датум за преговори со Европската унија даде и премиерот на соседна Грција, Кирјакос Мицотакис кој меѓу другото, нагласи дека мора да се почитува Преспанскиот договор.


„Го поддржуваме патот до членство во Европската унија за нашите северни соседи, но под услов целосно да ги почитуваат меѓународните договори што ги имаат потпишано“, порача Мицотакис.

Шефовите на земјите членки на Европската унија не можат и натаму да се договорат, а најверојатно конечната одлука нема да биде донесена денес.