Без многу оптимизам се очекува конечната одлука за преговори со ЕУ

Макфакс

18/10/2019

11:19

996

Големина на фонт

а а а

Денешните разговори на лидерите на ЕУ во Брисел се последна надеж дека земјава може да го добие очекуваниот датум за пристапни преговори.

Лидерите на ЕУ рано утрово ги прекинаа разговорите без договор за започнување преговори со Албанија и Северна Македонија, без многу оптимизам дека цврстиот став на францускиот претседател, Емануел Макрон, би можел да се промени.

„Ние не постигнавме заклучок за ова денес, но утре ќе продолжиме да разговараме за тоа“, изјави финскиот премиер Анти Рине, чија земја моментно го има претседателството со ЕУ.

На прашањето за шанса да се најде компромис, тој рече дека не е сигурен дека е можно, но се надева дека може да се постигне договор.

Двете балкански земји се очекуваше да добијат зелено светло на самитот за да започнат преговори за пристапување кон ЕУ, а Европската комисија потврди дека ги имаат исполнето критериумите, потсетува агенцијата АП.

Макрон одби да дозволи ниту една нова земја да влезе во ЕУ се додека не се подобрат процедурите за проширување, додека Холандија се спротивстави на кандидатурата на Албанија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг