Вудвард образложи каков е статусот на Солскјер пред големото дерби со Ливерпул

Дерби

18/10/2019

10:27

1.020

Големина на фонт

а а а

Оле Гунар Солскјер се најде под сериозен притисок по низата лоши резултати кои ги оствари тимот пред почетокот на репрезентативните натпревари кои ги гледавме во изминативе десет дена, а дополнително се крена прав и со сериозните шпекулации кои почнаа да ги пишуваат англиските медиуми за неговиот наследник.

Масимилијано Алегри се издвои како прво име кое може да го наследи Оле на „Олд Трафорд“, информации кои сега барем за малку ќе се стивнат откако главниот оперативец Ед Вудвард излезе со изјава со која му даде максимална поддршка на Норвежанецот, и тоа пред големото дерби со Ливерпул.

Вудвард нагласи дека клубот 100-процентно верува во Солскјер, а притоа ги наброја и трите параметри кои прават Оле да биде сигурен како менаџер на тимот.

– Оле има стопроцентна поддршка дека ќе ги сврти работите во позитивна смисла. Неговата визија комплетно се совпаѓа со трите парамети кои ги имаме како цел. Мора да освојуваме трофеи, да играме напаѓачки фудбал и мора да им дадеме шанса на младите. Средниот параметар значително се подобри по доаѓањето на Оле минатата сезона. Почнавме да гледаме тим кој игра брз фудбал, флуидно, со јасен стил и филозофија која ја има зацртано менаџерот. Исто така, Оле инсталираше дисциплина која недостастуваше во последните години. Тој полека гради тим кој ќе ја претставува историјата на клубот, тим во кој играчите ќе работат напорно и ќе ги почитуваат соиграчите. Никој не е поголем од клубот, а тоа Оле им го всадува во глава на играчите, – порача Вудвард на годишната средба на која се појави цел персонал на клубот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг