Меси: Никогаш сум немал потреба да ја напуштам Барселона, ова е…

Дерби

18/10/2019

08:30

1.202

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси целата своја кариера досега ја мина во шпанскиот гигант Барселона каде освои многу титули во сите натпреварувања, а собори и многу рекорди и освои еден куп индивидуални признанија.

Поради ова Меси за многумина е најдобриот играч во историјата, но дефинитивно има и замерки на него адреса, а една од нив е тоа зошто не се испробал на друго место, во друго првенство во друга средина. Тоа е еден од аргументите кои дел од луѓето ги користат за да создадат сомнеж, дилема околу Аргентинецот, ама ова не добира до напаѓачот кој уште еднаш посочи зошто Барселона е идеален клуб и дестинација за него.

-Секој од нас бара искуства за кои смета дека се најдобри за себе. Никогаш не сум имал потреба да го напуштам најдобриот клуб во светот, тоа е Барселона. Тука уживам во секој тренинг, секој натпревар и градот. Севкупно, ова е комплетно искуство и отсекогаш сум имал во предвид која е мојата цел, без тоа да го барам на друго место, -порача капитенот на каталонците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг