Солскјер: Ливерпул е во налет, но ние сме Јунајтед

Точка

17/10/2019

15:38

892

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Оле Гунар Солскјер тврди дека не стравува од отказ после лошиот старт на сезоната.

Манчестер Јунајтед е на 12-то место во Премиер лигата, а овој викенд „Црвените Ѓаволи“ ќе се судрат со лидерот на табелата и нивниот најголем ривал - екипата на Ливерпул.

Запрашан што би требало да се случи за неговиот тим ги совлада „Редси“, Солскјер порача дека многу работи треба да се поклопат.

„Многу работи треба да се поклопат за тоа. Мораме да бидеме подготвени и мислам дека играчите се ментално подготвени. Ливерпул направи одлична серија, но ние сме Манчестер Јунајтед и имаме добри играчи. Поради таквите натпревари се доаѓа во ваков клуб“, изјави Солскјер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг