Разбиен е огромен ланец на педофили: Се апсат монструми од 38 земји, а еве како изгледала нивната веб страна

Точка

17/10/2019

16:05

2.589

Големина на фонт

а а а

Во полициска акција во која учествувале истражители од 38 земји ширум светот, разбиен е педофилски ланец - злосторниците направиле веб страна на "Dark Web" каде што за поставување на детска порнографија биле плаќани во биткоини.

На компјутерски сервер во Јужна Кореја се откриени дури 250 илјади стравични видео снимки кои на корисниците на тој ланец им биле достапни на веб страницата наречена "Welcome To Video".

Таму снимките им биле продавани на педофили од целиот свет, а според досегашните информации, на интернет страницата биле забележани над милион симнувања. На едноставниот интерфејс на оваа веб страница стои „предупредување“ за корисниците да не поставуваат порнографски снимки на кои лицата се постари од 15 години. Секој корисник кој поставувал такви снимки добивал „наградни бодови“, а биле исплаќани во биткоини.

Оваа веб страница ја открила британската "National Crime Agency" во текот на истрагата на еден од најозлогласените педофили на Островот - Метју Фолдер, инаку угледен научник од Кембриџ кој за дури 137 злосторства поврзани со злоставување на деца, отслужува затворска казна од 25 години.


Од американското министерство за правосудство го откриле и поднеле обвинение против 23-годишниот Кореец Јонг Ву Сон за кој се смета дека ја водел веб страницата на која биле поставувани порнографските содржини, а полициските агенции ширум светот сега се обидуваат да ги лоцираат сите корисници кои ги купувале педофилските содржини.

Досега во акцијата се уапсени дури 337 лица од 38 земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Ирска, САД, Јужна Кореја, Германија, Шпанија, Саудиска Арабија, Обединетите Арапси Емирати, Чешка и Канада.

Јонг Ву Сон е уапсен во Јужна Кореја и веќе отслужува затворска казна од 18 месеци, а се верува дека и американските власти ќе побараат негова екстрадиција за и тие да му судат. Страницата која што ја водел повеќе не е активна на "Dark Web", а била откриена после апсењето на британскиот педофил Фолдер.

За време на истрагата во врска со Фолдер, британската агенција која е еквивалент на американски „ФБИ“ пронашла линк на контроверзната веб страница, па била отворена нова истрага во која бил откриен огромниот педофилски ланец.

„Злосторниците од "Dark Web", од кои некои спаѓаат меѓу најлошите од тоа подрачје, не можат да се сокријат од полицијата. Не се заштитени колку што мислат дека се. Многу сум горда на нашата улога во оваа глобална акција“, порача меѓу другото Ники Холанд од "NCA".



Спонзорирани линкови

Маркетинг