Меси: Не сум како Роналдо и Ибрахимовиќ, јас ќе бидам првиот кој ќе рече…

Дерби

17/10/2019

14:24

2.800

Големина на фонт

а а а

Лионел Меси вчера ја освои шестата „Златна копачка“ која ја доделува угледниот мадридски весник „Марка“, а сега во најновото издание на овој шпански медиум, излезе и опширното интервју кое му било направено на старо-новиот победник по мини церемонијата во престолнината.

Меси уште на вчерашното обраќање посочи дека ниту една индивидуална награда во својата кариера нема да добиел без помош на своите соиграчи, а интересно, едно од првите прашања во интервјуто е насочено на тоа што Лео никогаш не сака да се фали самиот себеси.

Новинарот му ги посочи Кристијано Роналдо и Златан Ибрахимовиќ како ѕвезди кои постојано се фалат самите себе и ги возвишуваат своите достигнувања, нешто што дефинитивно никогаш не сме го слушнале од страна на мирниот и тивок Аргентинец.

– Јас не сум таков, претпочитам луѓето да зборуваат, оние кои знаат за фудбалот. Знам кој сум, што направив и што можам да дадам, но тоа го чувам за себе, никогаш нема да го кажам во јавноста. Им оставам на луѓето да даваат мислења. Никогаш не сум сакал да зборувам за самиот себе, ова е колективен спорт и секогаш сакам да зборувам за тимот, – потенцира Меси кој вели дека тој ќе биде првиот кој во иднина ќе каже „до тука било“.

– Секој проценува до каде може да оди и колку ќе му трае кариерата. Ќе го откријам тоа со текот на времето. Моето тело ќе го одреди тоа, јас ќе бидам првиот што ќе каже, до тука било, не можам повеќе. Со текот на годините, ќе го откријам тоа, – вели Лео.



Спонзорирани линкови

Маркетинг