Војна во стратосферата: Руските пилоти веќе активно тренираат...

Точка

17/10/2019

12:58

2.087

Големина на фонт

а а а

Суперсоничните ловци-пресретнувачи со голем домет „МиГ-31“ имаа ноќен тренинг во стратосферата во Пермската област.

„Миговите“ имаа задача што побрзо да откријат непријател кој ги повредил руските граници во вселената. Инаку, војувањето во стратосферата бара посебна обука на пилотите кои мора да бидат максимално сконцентрирани и да имаат долгогодишно искуство.

„Воздухот во стратосферата е поредок и авионот лета полесно и потромаво, па од пилотот се бара лесно да управува со авионот и константно да го контролира оперативниот систем на моторот“, објаснува Марсељ Јунусов, заменик командантот на полкот за воено политички работи кој извел над илјада вакви летови.

Вежбите ги извеле четири ловци кои го откриле „непријателот“ кој исто така бил авион од типот „МиГ-31“, а задачата на пилотите била отежната затоа што биле препуштени на самите себе, односно копнените радарски сили и против-воздушната одбрана воопшто не им помагале во детектирањето на непријателите.

Освен тоа, на пилотите им биле дадени само приближни координати на „непријателите“, па така морале да ги ловат исклучиво со помош на своите радарски системи.

Како што пренесуваат руските медиуми, четирите ловци успешно ја извршиле задачата и го уништиле непријателот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг