Меси: Многу се зборува за ЛШ, ама ние во Барселона…

Дерби

17/10/2019

09:08

1.029

Големина на фонт

а а а

Барселона веќе одреден период доминира во шпанскиот фудбал во Примера и Копа Дел Реј, но кога е во прашање Лигата на шампионите се соочува се соочува со одредени проблеми и неуспех, односно нема славје во ова натпреварување од 2015 година и покрај големата желба за успех во истото.

Капитенот на каталонците, Лионел Меси кој денеска официјално го доби признанието за најдобар стрелец „Златна копачка“ за минатата сезона признава дека во Барселона многу се разговара за ЛШ, но воедно посочи дека во ниту еден момент не ги потценуваат, забораваат резултатите и борбата за титулите во Примера и Купот на Шпанија.

-Иако многу се зборува за ЛШ, ние никогаш не ги забораваме првенството и Купот. ЛШ е нешто специјално, ама лигата е најважна, прави добро да се чувствувате во подоцнежната фаза во ЛШ и Купот. Во Барселона секогаш целиме кон сите трофеи, -истакна Меси.



Спонзорирани линкови

Маркетинг