Џонсон оптимист: Постои шанса да се постигне договор за брегзит!

Точка

16/10/2019

21:22

1.457

Големина на фонт

а а а

Британскиот премиер Борис Џонсон, на министрите од неговата влада им рекол дека постои шанса да се постигне договор за нова спогодба за Брегзит со Европската унија, но дека договорт уште не е постигнат, пренел денеска неговиот портпарол.

Според зборовите на портпаролот на Џонсон, останале нерешени прашањата за постигнување договор, а разговорите со северноирската Демократска Унионистичка партија се во тек, пренесува Ројтерс.


„Премиерот го извести кабинетот за напредокот во тековните разговори за Брегзит, но уште не сме го постигнале тоа, има отворени прашања“, рекол портпаролот на британскиот премиер.




Спонзорирани линкови

Маркетинг