Во Брисел пристигна ново барање за апсење на Пучдемон

Макфакс

16/10/2019

11:21

929

Големина на фонт

а а а

Белгија денес по трет пат го доби европскиот налог за апсење на поранешниот лидер на Каталонија, Карлос Пучдемон од шпанскиот Врховен суд, соопшти портпаролката на обвинителството во Брисел.

Портпаролката објасни дека барањето пристигнало на шпански јазик, но според законот мора да биде напишано на еден од трите национални јазици на Белгија или на англиски јазик, поради што Шпанија ќе испрати ново барање следната недела, пренесува „Ројтерс“.

„Имајќи ја предвид комплексноста на барањето и на двете претходни барања против Пучдемон, случајот ќе бара темелна судска анализа“, рече таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг