Повторно хаос на улиците на Барселона: Демонстрантите се судрија со полицијата...

Точка

16/10/2019

09:51

1.408

Големина на фонт

а а а

Синоќа во Барселона дојде до судир помеѓу граѓаните кои бараат независност и каталонската полиција пред зградата на шпанската централна влада која беше опкружена од демонстранти.

Интервентната полиција постави железни бариери, но демонстрантите со маскирани лица успеаа да ги отстранат, по што полицијата беше приморана со штитови и употреба на пендреци да ги блокира да влезат.


„Да живее слободната земја“ и „Улиците секогаш ќе бидат наши“, извикуваа демонстрантите веејќи ги знамињата на Каталонија. Истовремено, протести се одржуваат и во останатите три најголеми каталонски градови - Жирона, Тарагона и Леида.


Еден ден претходно, 131 лице беше повредено во судирот на полицијата и демонстрантите, од кои едно лице помина со потешки повреди.

Демонстрациите избија откако во понеделникот Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина каталонски функционери на 9 до 13 години затворска казна поради организирање на противуставниот референдум во 2017-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг