Најмалку 170 повредени во судирите во Барселона

Макфакс

15/10/2019

17:58

2.239

Големина на фонт

а а а

Најмалку 170 лица се повредени, меѓу кои и 40 полицајци, во судирите меѓу демонстрантите и полицијата кај Меѓународниот аеродром во Барселона и на други локации во Каталонија.

Каталонските власти соопштија дека се уапсени три лица.

Судирите избија доцна синоќа, а протестите почнаа откако Врховниот суд во Мадрид осуди деветмина поранешни политичари и активисти на Каталонија на девет до 13 години затвор за нивната улога во неуспешниот обид да се прогласи независност на Каталонија во 2017 година.

Поранешниот потпретседател на владата на Каталонија, Ориол Жункерас, е осуден на 13 години затвор за бунт и злоупотреба на јавните средства.

Демонстрантите излегоа на улиците по повикот испратен преку социјалните мрежи од групата Демократско цунами.



Спонзорирани линкови

Маркетинг