Милијардерот за момент ги изгубил своите милиони поради сексистички коментар: „Еј, сакам да разговараме за тоа што го имаш во гаќите“

Супермен

15/10/2019

17:22

2.480

Големина на фонт

а а а

Инвестициониот аналитичар, Кенер Фишер, останал без своите милиони во еден момент поради сексистички коментари. Овој богаташ само што добил повеќемилионски “удар“ поради, како што го оценуваат медиумите, “апсолутно застрашувачки“ говор.

Контроверзниот милијардер кој на конференцијата се шегувал на тема секс, гениталии и педофилот Џефри Епстајн, загубил повеќемилионска сума.

Скандалот се случил минатата недела кога Фишер зборувал на конференциајта во Сан Франциско. Тој ја основал компанијата за управување со богатство, вредна 112 милијарди долари - Fisher Investments.

По излегувањето на сцена, тој го споредил процесот со собирање средства за предлагање на секс со жени.

„Пари, секс, тоа се двете најспособни работи за поголемиот дел од луѓето“ - изјавил тој во врска со привлекувањето на новите клиенти.

„Тоа е исто како кога ќе сретнете девојка во бар и ќе ѝ кажете: „Еј, сакам да разговараме за тоа што го имаш во гаќите“.

Член од публиката, Алекс Чалекиан, основач на Lake Avenue Financial, бил толку многу згрозен од коментарите што објавил видео на Твитер со својата реакција по слушањето на истите.

Фишер подоцна изјавил дека неговите зборови биле извадени од контекст.

„Воглавно, публиката разбира што зборувам“ - изјавил. Меѓутоа, оженетиот човек и татко на три деца подоцна се извинил.

„Некои зборови и фази кои ги користе во текот на неодамнешната конференција за да утврдам некои одредени точки, очигледно беа погрешни и не смеев да ги кажам“ - изјавил тој.

„Сфаќам дека за ваквиот јазик нема место во нашата компанија или пак индустрија. Искрено се извинувам“ - изјавил Фишер.

Но, малку било предоцна за тоа затоа што државата Мичиген веќе “извлекла“ околу 600 милиони американски долари од компанијата на Фишер поради неговото однесување.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk