Роналдо за својот кошмар на теренот: Тоа беше најстрашниот противник, секогаш ми се закануваше и ме удираше!

Дерби

15/10/2019

11:10

2.104

Големина на фонт

а а а

Угледниот италијански медиум „Газета дело Спорт“ во изминативе неколку дена направи неколку спектакуларни интервјуа со светски познати ѕвезди од минатото преку своето ток-шоу издание „Фестивал дело Спорт“, а во престижното студио гостин беше и легендарниот бразилски „Ил Феномено“ Роналдо.

Италијанските фанови и медиумите од оваа земја никогаш нема да заборават какви партии им понуди бразилскио фудбалски магионичар, но иако зборуваше и за своето време минато во Интер, Роналдо одлучи да го издвои и играчот со кој си минувал најлошо на теренот.

Истиот доаѓа од неговата етапа во Шпанија, кога како играч на Реал Мадрид често ги одмеруваше сили со фантастичниот аргентински стопер Роберто Фабијан Ајала кој настапуваше за Валенсија.

– Најстрашниот ривал беше Фабијан Ајала. Тоа беше играчот кој најмногу ме удираше во мојата кариера. Секогаш кога ќе се сретнев со него, ми се закануваше и секогаш играше на граница. Јас само се обидував да играм и да се одбранам од неговите физички напади, – открива Роналдо.



Спонзорирани линкови

Маркетинг