Драматични сцени во Барселона: Демонстрантите се судрија со полицијата, летаа камења и корпи за отпадоци...

Точка

15/10/2019

08:40

3.082

Големина на фонт

а а а

Полицијата се судри со демонстрантите кога тие се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да влезат на аеродромот „Ел Прат“ во Барселона.

Како што пренесуваат шпанските медиуми, стотина демонстранти се судриле со полицијата, а се фрлало со камења и канти за отпадоци. Портпаролот на каталонската регионална полиција потврди дека силите за безбедност ги оттурнале лицата кои се обиделе да го пробијат полицискиот кордон.

Според управата на аеродромот, 108 летови биле откажани откако демонстрантите го блокирале пристапот до аеродромот. Патниците морале да излегуваат од автомобилите на автопатот и да одат пешки до аеродромот затоа што сите приоди биле блокирани.

Итните служби соопштија дека 37 лица се повредени, од кои 34 на аеродромот. Исто така, во разни делови од Каталонија, чија што регионална влада и натаму е под контрола на сепаратистите, активистите ги блокирале патиштата и железничките пруги.

Синоќа илјадници демонстранти се собраа во центарот на Барселона, веејќи сепаратистички знамиња и извикувајќи „улиците и натаму се наши“.

Шпанската влада на премиерот Педро Санчез во изминатите неколку дена испрати полициски засилувања и порача дека нема да се воздржува од активирање на вондредни мерки доколку ситуацијата ексалира.

Инаку, ширум Каталонија повторно се протестира откако Врховниот суд во Мадрид ги осуди деветмината каталонски функционери на затворски казни од 9 до 13 години поради користење на јавни пари за организирање на противуставниот референдум за независност во 2017-та година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг