Тошак удри по Бејл: Со него е како да играте со 10 играчи на теренот

Дерби

15/10/2019

08:55

1.532

Големина на фонт

а а а

Велшката фудбалска легенда, Џон Тошак испрати критики на адреса на неговиот сонародник Герет Бејл.

Фудбалерот на Реал Мадрид му донесе бод на Велс на пресметката со Хрватска во квалификациите за Европското првенство, но тоа не го спречи Тошак отворено да го критикува напаѓачот за кого смета дека не игра тимски.

-Бејл не учествува во играта, веројатно пет минути е околу шестнаесетникот на еден натпревар, ама не учествува и потоа одеднаш со спринт се враќа назад. Со него понекогаш е како да играте со 10 играчи. Многу е индивидуален, -истакна поранешниот македонски селектор кој воедно смета дека Герет не се пази, поточно поради неговиот стил често и се повредува.



Спонзорирани линкови

Маркетинг