Скандал во Брисел: Овие две земји ја блокираат Европската унија да ја осуди турската инвазија на Сирија

Точка

14/10/2019

17:13

10.394

Големина на фонт

а а а

Министерите за надворешни работи на Европската унија се состанале денес во Луксембург за да ја договорат заедничката реакција на турската инвазија на североисточна Сирија, која е под контрола на курдските сили.

Но, според извештаите од Брисел, заедничка осуда на турската офанзива блокираат две земји членки. Една од нив, Велика Британија, е на излез од ЕУ. Другата држава - е Хрватска. 

Така барем известил дописникот на AFP од Брисел, Дамон Вак, повикувајќи се на неименувани извори.

"Изворот вели дека Велика Британија и Хрватска моментално ја блокираат заедничката изјава на ЕУ, со која се осудува турската офанзива, приговарајќи на зборот "осуда". Причините зошто, не се јасни", напишал тој на Твитер.

Тој додал дека разговорите траат и дека се очекува промена, но друг извор тврди дека "Германија заедно со Британија не сака да преземе силна акција".

Како што јавува "DW", на маса се и санкции, вклучувајќи ембарго на извоз на оружје, кое веќе го вовеле, Германија, Холандија, Шведска, Финска и Франција.

Францускиот претседател Емануел Макрон и германската канцеларка веќе на заедничка прес-конференција ја осудиле турската акција. "Имаме заедничка желба оваа офанзива да заврши", рекол Макрон.

Како што вели дописникот од AFP причините за скандалозното блокирање на осудата од страна на Хрватска и Британија засега не се познати.




Спонзорирани линкови

Маркетинг