Фаулер: Клоп ми објасни зошто ги одбил Јунајтед и Реал

Дерби

14/10/2019

14:16

1.358

Големина на фонт

а а а

Јирген Клоп благодарение на својот офанзивен фудбал и максимален ангажман во водењето на Ливерпул беше прогласен за најдобар тренер во светот од страна на ФИФА, титула која дефинитивно ја заслужи со сето она што го одработи минатата натпреварувачка сезона, но и на стартот на оваа новата.

Германскиот стратег со својата харизма стана омилен лик меѓу фановите на англискиот великан од „Енфилд Роуд“, но и меѓу легендите на клубот кои не штедат комплименти за Клоп. Роби Фаулер потенцира дека Клоп испишува нова историја со Ливерпул, а за него многу поважно е тоа што пред да пристигне на „Енфилд“, го одбил лутиот ривал Манчестер Јунајтед.

– Пред неколку години, направив интервју со Клоп и тој ми кажа дека одбил неколку многу богати клубови. Еден е Манчестер Јунајтед, а вториот Реал Мадрид. Ми објасни дека не му се допаѓало како се организирани, тоа што се концентирани единствено на комерцијални интереси, – порачува легендарниот Фаулер во интервјуто за „Мирор“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг