Сите мислеа дека ова е невозможно: Погледнете како овој огромен крузер помина низ тесниот канал...

Точка

14/10/2019

11:06

7.657

Големина на фонт

а а а

Крузерот „МС Брејмар“ долг 196 и широк 22,5 метри е најголемиот брод кој некогаш поминал низ Коринтскиот канал во соседна Грција.

За целата ситуација да биде уште поинтересна, ширината на каналот е 25 метри.

Околу 1,200 патници на бродот на норвешката компанија „Фред Олсен“ со седиште во Велика Британија, уживаа во сцената од која застанува здивот. Бродот поминувал толку блиску до ѕидовите, така што патниците можеле да ги допрат дрвјата во близина.


Каналот е долг 6,3 километри и го раздвојува Пелопонез од континенталниот дел на Грција. Го скратува патот преку морето од италијанските до атинското пристаниште.



Спонзорирани линкови

Маркетинг