Геце по крајот на сезоната си заминува од Борусија Дортмунд и продолжува во европски гигант

Дерби

13/10/2019

12:15

2.071

Големина на фонт

а а а

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Марио Геце како што стојат работите по втор пат во кариерата ќе ги напушти „милионерите“.

Имено, италијанските медиуми на големо пишуваат дека за Геце постои сериозен интерес од таборот на Интер.

„Тутомеркато“ пишува дека Интер планира да го донесе Геце како слободен агент веднаш штом неговиот договор со Борусија истече по крајот на оваа сезона.

„Нероазурите“ ќе влезат во преговори со претставници на играчот уште во јануари кога ќе може и да го обезбедат неговиот потпис.



Спонзорирани линкови

Маркетинг