Фрајле издоминираа на „Макфест“: Песна што ги остави без зборови и најголемите музички критичари!

Точка

12/10/2019

17:06

9.376

Големина на фонт

а а а

Како што веќе споменавме, на втората полуфинална вечер која се случи во петокот, имаше многу добри композиции, па тешко беше да се издвои некоја.

Но, сепак некои песни отскокнуваа во однос на другите. Според резултатите кои на крајот ги објави „Макфест“, групата Фрајле – девојките од Србија, беа на врвот на листата за финале, со максимални гласови од публиката и жирито.

Фрајле беа едни од најголемите фаворити на втората полуфинална вечер. А, се разбира, тимот на Точка е тука за да ви ги пренесе впечатоците од “прва рака“.

Со првите отсвирени ноти, публиката веднаш позитивно реагираше на „Не ѝ признавај“, со текст на Гордана Поп-Симонова, а позади останатиот дел од композицијата се потпишува легендарниот Тоше Поп-Симонов.


„Супер се чувствувавме на сцената. Инаку, кога ја добивме песната веднаш знаевме дека ‘тоа е тоа’. Малку е комплицирано кај нас, бидејќи ние сме четири и важно е сите четири да кажеме ‘да’. Кога е добра песната и кога ќе дојде до изведба, тогаш тоа е сосема друга приказна. Ги видовме изразите на лицето и реакциите на публиката штом почна нашата песна“, велат девојките.

Македонскиот јазик не им е мајчин, но велат дека многу вежбале и со помош на Тоше одлично го совладале текстот, а тоа го докажаа и на вчерашниот настап.

„Македонскиот јазик е многу певлив и некако не беше тешко да се научат сите тие зборови. Текстот и музиката се одлични, благодарни сме му на Тоше.“

Хит-мејкерот Тоше Поп-Симонов, кој после долги години реши да се врати на музичката сцена, со оваа песна докажа дека сè уште е еден од најдобрите композитори во нашата земја. Нѝ преостанува само да се надеваме дека до неговото следно музичко остварување нема повторно да чекаме неколку години.


Фрајле за соработката со Тоше велат дека “било уживање да се работи со него“.

„Ние едвај чекаме да изведуваме некоја песна во живо и многу се радуваме на овој фестивал. Без оглед на крајниот исход, оваа композиција секако влегува во нашиот репертоар“, заклучуваат девојките од Фрајле.

Она што нам нѝ преостанува е да уживаме во финалето со „Не ѝ признавај“, и да ви ги пренесеме впечатоците од целиот настан.

Гледајте го финалето вечерва во 20 часот на МТВ1.

Автор: Цеце Николова



Спонзорирани линкови

Маркетинг