Климатски активисти направија хаос на аеродром во Лондон: Еден од нив успеа да се качи на покривот на авионот

Точка

10/10/2019

18:29

1.323

Големина на фонт

а а а

Активисти на еколошкото движење "Extinction Rebellion" протестираа денес на „Лондон Сити“ аеродромот и планираа да го блокираат воздушниот сообраќај во следните три дена.

Сепак, после реакцијата на полицијата, биле уапсени неколку активисти пред аеродромот, но и на аеродромската писта. Поради нивниот протест, предизвикале доцнење на еден лет.

„Да се напаѓа аеродром и вака да се попречуваат патниците е целосно неприфатливо и неодговорно. Лицата кои ги прекршуваат законите се уапсени и ќе бидат процесуирани“, стои во соопштението на лондонската полиција.

Еден активист протестирал во авион за Даблин во кој што успеал да влезе. Поради него, летот на Aer Lingus доцнел, а подоцна обезбедувањето успеало да го натера да излезе од авионот. Тој откако влегол во авионот, одбил да седне на своето седиште и започнал на патниците да им држи предавање за климатските промени.

„Не сакам да патувам со вас, но не сакам ниту да го напуштам авионот. Многу ми е жал поради непријатноста“, рекол активистот.

Друг инцидент предизвикал активист кој успеал да се качи на покривот на авионот на British Airways. Имено, станува збор за поранешниот ирски параолимпиец Џејмс Браун кој е делумно слеп и се натпреварувал како велосипедист.

Од аеродромот „Лондон Сити“ ги повикаа патниците да ја проверат состојбата на летови пред да пристигнат на аеродромот откако денес наутро поголем број на демонстранти ги блокираа влезовите и започнаа да пеат и да скандираат слогани.

Активистите на "Extinction Rebellion" се противат на плановите за проширување на аеродромот додека трае „климатската криза“ и „еколошката итност“ која ја прогласи парламентот и предвидува намалување на нула на емисијата на штетни гасови во атмосферата до 2050-та година.




Спонзорирани линкови

Маркетинг