Се соочија Верушевски и Мијалков: Мозокот на прислушувањето беше Груевски!

Точка

10/10/2019

14:29

4.289

Големина на фонт

а а а

Денес на рочиштето за случајот „Таргет Тврдина“ имаше соочување на поранешниот разузнавач Верушевски и поранешниот прв човек на УБК, Сашо Мијалков.

Актуелниот советник во владата на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски денес на рочиштето се појави во улога на сведок, додека пак обвинет е Сашо Мијалков, еден од највлијателните функционери за време на владеењето на Никола Груевски.

Верушевски денес продолжи со одговорите на прашањата на Обвинителството во врска со нелегалното прислушување во УБК, а неговото сведочење дополнително ја заинтригира јавноста.

Според Верушевски, мозокот на прислушувањето бил поранешниот премиер Никола Груевски, а не тогашниот шеф на УБК, Сашо Мијалков.

„СЈО во овој предмет направи курцијално поместување на лицето кое требаше да биде првообвинето, а сега е во бегство во Унгарија. Суштината на оваа документација е дека е креирана од тој што имал најголем бенефит. Клучна е амбицијата на тоа лице кое ја имал таа патолошка желба да ја задржи власта по секоја цена“, изјави Верушевски на рочиштето, а потоа проговори и за поранешниот прв човек на Петтата управа на МВР, Горан Грујевски и Никола Бошковски кои двајцата побегнаа во Грција.


„Сериозен пропуст на СЈО е што не го обезбеди овој човек во судница, но и во државата. Со нетрпение ја чекам разврската на истрагата за бегството на Груевски. Убеден сум доколку имам моќ да ги повикам двајцата бегалци од Грција, тогаш ќе ја добиеме целината за овој случај“, изјави Верушевски, пренесува „Фокус“.

После сведочењето, Мијалков и неговата одбрана се изјаснија дека немаат прашања за сведокот Зоран Верушевски.

Инаку, предметот „Таргет Тврдина“ треба да открие кој стоел зад нелегалното прислушување на над 20.000 граѓани преку три системи за следење на комуникации во УБК.

Како што е познато, во споменатиот предмет, покрај Сашо Мијалков се обвинети и поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, поранешниот началник на Петтата управа при МВР, Горан Грујевски, потоа Никола Бошкоски, Тони Јакимовски, Владимир Варелов и уште пред други лица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг