Ги открил “тајните“ на милијардерите: Овие шест навики ги има секој од нив

Супермен

10/10/2019

13:35

2.265

Големина на фонт

а а а

Во својата книга „Тајна милијарда долари: 20 принципи на богатството и успехот на милијардерите“, претприемач и експерт за психологија, Рафаел Бадзиаг, објаснил кои особини ги понашол кај сите милијрдери.

Бадзиаг поминал пет години во правење интервјуа со 21 самоостварени милијардери, а открил дека сите ги делат истите шест навики кои им помогнале да ги остварат темелите на финансискиот успех.

Еве за што станува збор:

Рано стануваат

Раното станување е навика на успешните претприемачи, вели Бадзиаг. Во просек, милијардерите кои ги интервјуирал Бадзиаг стануваат во 5 и 30 часот наутро, а сите му кажале дека раното станување било пресудно за нивниот успех. Тој смета дека успешните луѓе раното будење ги прави попродуктивни и поенергични.


Внимаваат на нивното здравје

Секој милијардер има строг режим на вежвање без оглед на нивната старост, а тие со години трчаат или пак одат на тренинг. Инвеститорот Лирио Парисото изјавил дека барем трипати неделно оди во теретана.

„Поголемиот дел од успешните луѓе имаат рутина за утрински спорт. Спортските ангажмани имаат голема предност во нивните животи затоа што спортот пружа витална енергија и ментална сила, ни помага да размислуваме појасно и нè прави да бидеме дисциплинирани“ - вели Бадзиаг.

Читаат

Покрај вежбањето, читањето е една од активностите во која милијардерите редовно го поминуваат своето слободно време, вели Бадзиаг. Речиси сите милијардери со кои разговарал изјавиле дека редовно читаат и тоа дневни весници, биографии, списанија и деловни книги.

Размислуваат за работите

Според Бадзиаг, милијардерите одвојуваат време за размислување на работите било да е тоа преку медитација или во текот на нивната активност како што е спортот. Авторот на книгата „Промени ги своите навики, промени го животот“, Томас Ц. Корли, поминал пет години со истражување на секојдневните навики на 177 милионери, а открил и дека тие размислуваат многу повеќе од еден просечен човек и тоа е клучот на нивниот успех.


Имаат строги рутини и ритуали

Утринската рутина е најважната за долгорочен успех во работата, смета Бадзиаг, а речиси сите милијардери кои ги интервјуирал ја имале таа утринска рутина која редовно ја следат, што вообичаено вклучува и четири од погоре наведените навики.

Ја вежбаат дисциплината

Милијардерите кои ги интервјуирав се најдисциплинираните луѓе кои некогаш сум ги запознал, напишал Бадзиаг кој вели дека тие освен на себеси и на другите луѓе кои се околу нив им поставуваат многу високи стандарди. Може да постигнете високи резултати само доколку сте многу дисциплинирани. а дисциплината е клучен факт за изградување на богатство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk