Напаѓачот на синагогата во Германија е неонацист, сакал да го разнесе храмот

Точка

09/10/2019

22:00

4.195

Големина на фонт

а а а

Најмалку две лица загинаа во нападот пред синагогата во Хале, Германија, а има и повредени.

Според германски „Билд“, напаѓачот пукал со пушка пред синагогата, а според некои информации, граната била фрлена кон блиските еврејски гробишта. Нападот се случи на еврејскиот празник Јом Кипур.

„Билд“ го објавија името на убиецот. Станува збор за 27-годишниот неонацист Стефан Балиет. Слично како Брентон Терант при нападот на џамиите во Нов Зеланд, Балиет убиствениот поход го пренесувал во живо на интернет.

Напаѓачот поставил и домашен експлозив пред синагогата и така се обидел да влезе во неа, дознава агенцијата ЕПА.

##https://twitter.com/M_Ziesmann/status/1181902603740942336##

Сè уште е непознато што точно се случило во близина на синагогата, но се чини дека еден или повеќе напаѓачи се обиделе да влезат во храмот, но биле спречени од вработен од обезбедувањето.

Лидерот на еврејската заедница, Макс Риворцки, рече дека во моментот на нападот во синагогата имало меѓу 70 и 80 верници.

Во меѓувреме, полицијата соопшти дека жителите на Хале можат да се вратат на улиците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг