Војна на повидок!?: Семјуел Л.Џексон луто му одговорил на Скорсезе на навредливиот коментар за “Одмаздници“

Точка

09/10/2019

14:47

2.024

Големина на фонт

а а а

Популарниот режисер Мартин Скорсезе направил хаос со изјавата дека „Одмаздници: Крајот на играта“ и сите останати филмови за суперхерои не се вистински филмови.

Поточно, Скорсезе во едно интервју, промовирајќи го својот филм “The Irishman“ открил дека “не можел да се натера самиот себе да ги гледа “Одмаздници“, филмот кој неодамна стана најплатениот во историјата на кинематографијата.

„Тоа не е филм. Тоа се актери во луна парк кои се трудат да направат нешто најдобро што можат со она што им е дадено“ - изјавил оскаровецот.

Сега големиот “Ник Фјури“ од  Марвел филмовите одговорил.

„Тоа е како да кажеш дека “Ушко Долгоушко“ не е смешен. Филмовите се филмови. Ниту ние не ги сакаме сите негови филмови. Сите имаат право на свое мислење и ОК. Тоа никогаш претходно на некој не го спречило да продолжи да ги снима“ - изјавил Семјуел Л.Џексон.




Спонзорирани линкови

Маркетинг