Холандскиот парламент вчера и даде црвено светло на Албанија, а безусловно зелено светло на Македонија за почеток на преговорите со ЕУ.
Ова вчера на својот профил на Твитер го објавил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој во својот пост заклучил дека преговори во пакет со Македонија и Албанија не се опција за Холандија.
Холандскиот парламент заклучи: црвено светло за Албанија, зелено светло, без дополнителни услови, за Македонија во однос на одлуката за датум за преговори со ЕУ. Разгледувањето на одлука за преговори во пакет и за Албанија и за Македонија не е опција за Холандија. https://t.co/4ViGqJzm8P
— Antonio Macedonian (@AMiloshoski) October 8, 2019
Ова произлегло од вчерашната дебата во Комитетот за европски прашања на холандскиот Парламент. Шефот на дипломатијата Стеф Блок го повторил ставот на Владата дека почеток на преговори со Албанија во овој момент би било прерано. Холандија, сепак, нема да стави вето доколку останатите земји членки на ЕУ бидат за старт на преговорите.
Во делот за Македонија стои дека е направен охрабрувачки напредок и се поздравува Преспанскиот договор, како пример за решавање на други проблеми во регионот. Се наведува и дека се препорачува да продолжат предметите отворени од СЈО, и се поздравува нивното префрлување во ЈО.
Холандската влада ги поздравила и досега преземените чекори од Албанија, но не е задоволна од борбата со корупцијата и организираниот криминал.