Ефикасно управување со недвижностите! Заштеда на трошоци и до 30%!

Точка

09/10/2019

21:54

2.291

Големина на фонт

а а а

Во светот, големите деловни објекти како и оние за домување, се одржуваат и управуваат од страна на специјализирани компании. На тој начин, се обезбедува поголема ефикасност, заштеда на трошоците, побрзо решавање на проблемите, подобро управување со приходите и подобра отчетност пред инвеститорите и другите групи од интерес.

Овие компании ја имаат потребната експертиза за квалитетно управување со недвижен имот, коешто покрај одржување на објектите, опфаќа и административна поддршка, финансиско-сметководствени услуги, но и навремена наплата на закупнините, извештаи за управување со приходите и трошоците, пронаоѓање нови клиенти, преговори со потенцијални и постоечки клиенти, подизведувачи и други услуги.

Уште една важна придобивка од ажурното и квалитетно управување со недвижностите од страна на специјализирани компании е и можноста да ја одржите и зголемите вредноста на имотот. Препуштајќи им ја вашата инвестиција, сите услуги ги добивате од едно место, притоа штедите на ресурси, на располагање имате специјализирани кадри, како инженери и архитекти за преуредување и реновирање, стручни лица за енергетски ефикасни решенија, за климатизација и вентилација, но важно е и да добиете добар совет и проценка уште на почетокот од соработката, за тоа какви решенија за управување на имотот најдобро би одговарале на вашите потреби.

Кај нас, исто така постојат позитивни примери за решавање на проблемите на инвеститорите. Давајќи им ја довербата на ваквите компании кои се грижат за управувањето со недвижнините, се остваруваат и до 30% повисоки резултати од работењето, како од аспект на обезбедување нови приходи, така и во заштеда на трошоците за нивно одржување.

Секако, пред да се одлучите за некоја компанија, проверете ги референците за нејзините услуги, нивото на квалитетот и стандардите на работење кои се применуваат.



Спонзорирани линкови

Маркетинг