Најголемата цел ѝ била да личи на Анџелина Џоли - поради операциите се изобличила и станала ѕвезда преку ноќ

Точка

07/10/2019

18:00

8.559

Големина на фонт

а а а

Сахар Табар, иранската Инстаграм ѕвезда, позната по тоа што го променила својот личен опис само поради тоа што сакала да личи на Анџелина Џоли, сега е уапсена.

Таа се наоѓа позади решетки поради злочинот кој го направила со богохулење и поттикнување насилство, известуваат од новинаркста агенција „Тасним“.

Табар минатата година станала хит низ целиот свет кога речиси сите медиуми објавуваа нејзините фотографии. Иако се шпекулирало дека има над 50 пластични операции, поголемиот дел од нејзините фотографии биле направени со Фотошоп.


Таа привлекла големо внимание во медиумите преку нејзините фотографии и видеа на кои потсетува на нешто опасно, нешто како зомби верзија на Анџелина Џоли.

Со “испиени“ образи и карикатуриран нос, таа предизвикала загриженост поради десетина естетски операции за кои кажала дека ги направила само за да личи на американската ѕвезда.

Откако ја маѓепсала и заплашила свјата публика на Инстаграм, таа исто така изјавила дека поголемиот дел од нејзиниот изглед се сведува на шминка и дигитално уредување во својствено уметничка инсталација.


Судските власти ја уапсиле Табар откако јавноста почнала да се жали на неа. Обвинета е за богохулење, предизвикување насилство, незаконско стекнување на имот, навредување на начинот на облекување и поттикнување на младите да започнат со корупција.

Нејзиниот Инстаграм профил оттогаш е избришан.




Спонзорирани линкови

Маркетинг