Четири сексуално преносливи болести кои може да ги добиете и без секс

Точка

04/10/2019

16:30

4.836

Големина на фонт

а а а

Внимавајте! Докторка од Њујорк Алиса Двек објаснува кои се четирите сексуално преносливи болести кои можеме да ги добиеме и без сексуален однос.

ХПВ

Ова е една од болестите која можe да се пренесе и без секс.

„ХПВ се пренесува преку кожата, доколку некој ја допре брадавицата или пак подрачјето околу неа“ - вели гинекологот Алиса Двек од Њујорк.

ХПВ доаѓа во различни облици од кои некои можат да предизвикаат генитални брадавици, а други преканцерогени лезии. Дури и не мора да биде во облик на брадавица за да се заразите затоа што вирусот може да се шири и пред да се прошири по телото.


„Брадавиците понекогаш се појавуваат и на други делови од телото, како што се прстите“ - напоменува Двек. Иако брадавиците може да се отстранат сепак вирусот и понатаму може да остане во вашиот организам и во одредено време да се активира.

Вирусни брадавици

Иако технички станува збор за вирусна инфекција, а не за полово пренослива болест, Двек напоменува дека бројот на жени кои имаат зголемен број на крвни зрнца со кратерите на интимните делови од телото е многу зголемен. Оваа болест се пренесува преку кожата или пак креветот во солариумите. Позитивната работа во ова е тоа што доколку еднаш се излечите од овој вирус, инфекцијата повеќе не се враќа.

Трихомонијаза

Оваа болест не е многу позната, но треба да бидете внимателни затоа што вирусот може да преживее на нежив објект многу долго доколку некоја заразена личност го допре. Може да се појави во вид на вагинална инфекција кај жените со секрет на нпријатен мирис просдледен со чешање и иритацја.


„Може да се пренесе со работи како што е валкан пешкир или пак неизмиен вибратор“ - вели Двек. Оваа боелст се лечи со антибиотици.

Херпес

Ова е често првата инфекција на која луѓето помислувааат при споменувањето на полово преносливите болести. „Херпесот може да се пренесе преку бакнеж или пак делење на веќе искористен брич или неизмиени чинии иако ризикот е многу мал“ - тврди таа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk