Скандалозна изјава на првиот човек на ИВЗ за Бузаку: Не се занимавам со геј!

Точка

03/10/2019

13:50

3.293

Големина на фонт

а а а

Поглаварот на Исламската верска заедница, Сулејман Реџепи се огласи после ултиматумот кој го доби од Скендер Бузаку.

Бузаку го повика Реџепи да се повлече од позицијата поглавар на ИВЗ најдоцна до утре или во спротивно ќе објави докази за финансиски криминал од неколку милиони евра, во кој бил вмешан поглаварот на Исламската верска заедница.

На новинарско прашање денес, во кое од Реџепи беше побаран коментар за ултиматумот на Бузаку, првиот човек на ИВЗ во Македонија имаше краток одговор.

„Ние сме тука за друга работа. Не се занимавам со геј. Гејовите треба да бидат надвор од ИВЗ“, порача Сулејман Реџепи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг