Патот од тешко детство до господар на фудбалските терени: „Бев опкружен со мигранти од Југославија и постојано гладен“

Супермен

03/10/2019

11:30

5.058

Големина на фонт

а а а

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата за кој многумина тврдат дека е апсолутен владател на фудбалската игра, Златан Ибрахимовиќ, денес го слави својот 38-ми роденден.

Златан Ибрахимовиќ е роден на денешен ден во Малме, а пораснал во предградието на Розенград во работничко семејство.

Како што опишал во автобиографијата, неговото детство било катастрофално. Родителите на Ибрахимовиќ се доселиле во Шведска во 1970-та година поради подобри услови за живот, а се развеле кога тој имал две години.


Татко му Шефик, работел како домар додека пак неговата мајка Јурка работела по 14 часа дневно како чистачка за да може да го издржува Златан, неговата постара сестра Санела и неколкуте полубраќа и сестри од кои еден од нив станал зависник од дрога.

„Моето детство беше многу тешко, пораснав во имигрантска населба во Малме, на југот од Шведска, во наметнато опкружување на сиромашни имигранти од Југославија, Сомалија, Турција и Полска. Моите родители не ми помогнаа многу, а ретко би покажале и сочувствување. Фрижидерот константно беше празен, се сеќавам дека многу често бев гладен“ - опишал Злаатан.

Јурка постојано била строга и имала навика да го тепа Златан со голем дрвена лажица. Еднаш го удрила толку многу силно што лажицата се скршила, а потоа таа го натерала Златан да ѝ купи нова.


Сето тоа влијаело на Златан да порасне во малолетник деликвент кој фрлал цигли по автомобилите и крадел од локалните продавници.

Кога почнал да тренира за првиот поголем фудбалски клуб додека бил тинејџер, го украл точакот од својот тренер, па веднаш потоа реагирале социјалните служби кој Златан го испратиле кај неговиот татко алкохоличар.

Во својата биографија „Јас сум Златан“ тој секој момент кој го поминал со неговиот татко го опишал детално.

Во еден момент Златан удрил толку многу силно некој свој врсник по главата што тој завршил во болница. Потоа таткото на несреќното дете распишал петиција за Златан да го исфрлат од клубот, но тогашниот тренер на јуниорите го игнорирал тоа барање.


Едноставно не сакал еден таков талент да пропадне и одлучил борбениот карактер на Ибрахимовиќ да го пренасочи во фудбалот.

Популарниот Ибрахимовиќ е дефинитивно најскапиот фудбалер во историјата доколку се соберат сите трансфери кој ги остварил во текот на својата брилијантна кариера, а не изнесувале помалку од 150 милиони евра.

Славата тој ја постигна во амстердамскиот клуб Ајакс за кој потпиша договор во 2001-та година и во него играл до 2004-та година.

Потоа играше за Јувентус и Торино како и за италијанскиот шампион Интер во кој дошол во 2006-та година. Потоа играше и во шпанската лига за Барселона за потоа да премине во Милан.

Потоа по трансферот од Милан тој играше за Парис сен Жермен.

Ибрахимовиќ во својата последна сезона во Париз постигна 38 голови, а вкупно 156 откако стигнл во ПСЖ во 2012-та година.

Неговата психа мноумина ги иритира, но без сомневање тој негов став и однесување денес допринесе за целиот фудбалски свет да му се поклонува.

„Морам да бидам бесен за да играм добро. Морам да урлам и да создавам врева“ - изјавил Златан.

„Кога и да биде мојот живот тивок, мене неопходн ми е акција“ - истанува темпераментниот фудбалер Ибрахимович, кој и на терен, но и надвор од него е посебна личност.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk