Јавна седница во Апелација за притворот на Бојан Јовановски

Нетпрес

03/10/2019

09:48

875

Големина на фонт

а а а

Денеска во Апелациониот суд ќе се одржи јавна седница на која ќе се разгледува барањето на одбраната на Бојан Јовановски, Боки 13, за укинувањето на мерката притвор. Како првоосомничениот во случајот Рекет претходно Кривичниот суд му го продолжи притворот за нови 30 дена.

Инаку тој сѐ уште го нема дадено својот исказ пред Обвинителството за организиран криминал и корупција, а досега изврши само увид во доказниот материјал. И адвокатите на поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, која е третоосомничена во случајот Рекет, поднесоа жалба на одлуката на судија на претходна постапка кој ја одби нејзината гарација од три стана за да излезе на слобода.

Од тројца осомничени за Рекет едниствено во домашен притвор е второосмничениот Зоран Милевски – Кичеец кој два пати беше во Обвинителството на распит. Тие се товарат дека зеле 1,5 милион евра од Камчев со ветување дека ќе биде ослободен од обвинение за случајот кој го отвори СЈО „Империја“. Другиот дел од истрагата за невладината организација на Јовановски, Меѓународен сојуз, треба да даде одговори кај завршувале парите кои се давале во овој сојуз кој имаше голема поддршка од актуелната власт. Засега за оваа афера се осомничени само тројца, а меѓу нив нема ниту еден политичар.



Спонзорирани линкови

Маркетинг