Грција ќе депортира 10.000 мигранти

Макфакс

30/09/2019

18:57

1.459

Големина на фонт

а а а

Грција планира до крајот на идната година да депортира 10.000 мигранти, соопшти денеска владата во Атина, ден по немирите во најголемиот мигрантски камп на островот Лезбос.

Мигрантите вчера за време на протестите на островот предизвикаа два пожари и се судрија со полицијата, а потврдено е дека две лица загинале, а 17 се повредени.

„Навистина минуваме низ национална криза“, изјави пред новинарите на Лезбос, заменик-министерот за заштита на граѓаните, Лефтерис Економу. 

Грчката влада на денешната седница одлучи да ја зајакне безбедноста на границите и да изгради центри од затворен тип, во кои би биле сместени мигрантите кои не поседуваат документи, како и азилантите чиишто барања се одбиени и треба да бидат депортирани, соопшти портпаролот на владата, Стелиос Пецас. 

Седницата со која претседаваше премиерот Киријакос Мицотакис траеше четири часа. 

Во кампот Мориа на Лезбос се наоѓаат околу 12.000 мигранти, повеќето од Авганистан, а просторот е предвиден за 3.000 лица.