Истанбул, ден после силниот земојтрес: Оштетени џамии, луѓето спијат надвор, училиштата затворени...

Точка

27/09/2019

16:31

2.464

Големина на фонт

а а а

34 лица се повредени, поголем број се евакуирани, а 14 училишта се затворени поради повеќе од 200-те потреси кои следуваа после силниот земјотрес кој го погоди Истанбул.

Земјотресот со магнитуда од 5,8 степени по Рихтер кој вчера го погоди градот на Босфорот, натера голем број на граѓани ноќта да ја поминат под отворено небо. Во најголемиот турски град со 15 милиони жители, кој инаку лежи на нестабилниот североанадолиски расед, две џамии се оштетени, а на социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како се тресат зградите.

Потресот бил на длабочина од 12,6 километри со епицентар на околу 70 километри западно од Истанбул, соопштија од турскиот Сеизмолошки институт.

Според последните информации кои ги пренесоа турските медиуми, 10 од 34-те повредени и натаму ќе останат на болничко лекување.

##https://twitter.com/0n6tv/status/1177542525290262528##

После силниот земјотрес, биле забележани околу 200 помали потреси на тлото со магнитуда до 4,1 степен по Рихтеровата скала.

Сеизмолозите одамна предупредуваат на можноста силен земјотрес да го погоди Истанбул и дека турскиот град не е подготвен да се справи со катастрофа од поголеми размери. Властите ги предупредија граѓаните да избегнуваат движење во близина на постарите градби и лошо направените објекти.

##https://twitter.com/AgboloBlog/status/1177538331288227841##

Инаку, еден од најсилните потреси во турската историја го погоди градот Измир кој се наоѓа на 90 километри југоисточно од Истанбул во 1999-та година. Тогаш земјотресот со јачина од 7,6 степени по Рихтеровата скала го разурна градот и усмрти повеќе од 17 илјади 17 илјади луѓе.




Спонзорирани линкови

Маркетинг